• сабота, 23 ноември 2024

Мишел О'Нил назначена за премиерка на Северна Ирска

Мишел О'Нил назначена за премиерка на Северна Ирска

Белфаст, 3 февруари 2024 (МИА) - Заменик-претседателката на Шин Фејн, Мишел О'Нил денеска беше назначена за премиер на Северна Ирска, што е првпат кандидат од ирските националисти да биде на таа водечка позиција.

Одлуката за нејзиното назначување ја донесе регионалниот парламент, бидејќи ривалската Демократска унионистичка партија стави крај на двегодишниот бојкот на владата на Северна Ирска.

За прв пат, Шин Фејн, републиканска, националистичка политичка партија, именуваше премиер затоа што освои најмногу места на последните парламентарни избори одржани во мај 2022 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан