• среда, 25 декември 2024

Мишел на 2 и 3 јули во посета на Црна Гора

Мишел на 2 и 3 јули во посета на Црна Гора

Подгорица, 28 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на 2 и 3 јули ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, на покана на претседателот на државата Јаков Милатовиќ.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, Мишел ќе биде пречекан од Милатовиќ во резиденцијата на Цетиње со највисоки државни и воени почести, по што ќе следи разговор меѓу двајцата функционери.

„По потпишувањето во книгата на гости и средбата на двете делегации, Милатовиќ и Мишел ќе дадат изјави за јавноста. Веднаш по прес-конференцијата претседателот на Црна Гора и претседателот на Европскиот совет ќе засадат дрво на пријателството во дворот на Резиденцијата во Цетиње“, се вели во соопштението.

На крајот на денот, Милатовиќ ќе приреди свечена вечера во чест на претседателот на Европскиот совет.

„Посетата на Шарл Мишел претставува важен чекор во зајакнувањето на политичките и економските односи меѓу Црна Гора и Европската Унија, а дополнително ја потврдува одлучноста на Црна Гора да стане полноправна членка на Европската унија до 2028 година“, се заклучува во соопштението на кабинетот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан