• среда, 25 декември 2024

Мишел: ЕУ ќе ја олесни испораката на воена помош за Украина

Мишел: ЕУ ќе ја олесни испораката на воена помош за Украина
Брисел, 26 февруари 2022 (МИА) -  Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вечерва најави дека ЕУ ќе и помогне на Украина и во одбраната. „Ќе ја олесниме испораката на воена помош за Украина. Демократска Украина ќе победи“, напиша Мишел на својот Твитер профил. Мишел го ретвитна претходниот твит на министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, кој за утре во 18 часот закажа виртуелен состанок на Советот на министри на ЕУ, на кој треба да се одлучи за итен пакет европска помош за воените сили на Украина. зш./

Остани поврзан