• среда, 25 декември 2024

Мишел: БиХ има јасна европска перспектива

Мишел: БиХ има јасна европска перспектива
Сараево, 20 мај 2022 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вечерва во Сараево изјави дека Босна и Херцеговина има јасна европска перспектива. Мишел кажа дека Европската геополитичка заедница не е замена за европскиот пат на земјите од Западен Балкан, туку можност за нивна поголема соработка со ЕУ, иако се уште не се знае што точно би значело тоа. -Навистина сум среќен што сум овде за да ја потврдам вашата посветеност кон ЕУ. Дозволете ми да го повторам она што го кажав во Блед. Навистина сум убеден дека на Западен Балкан му треба ЕУ, но и на ЕУ му треба и Западен Балкан. Време е за еден нов замаец во ЕУ, рече Мишел. По денешната средбата со членовите на Претседателството на БиХ во Сараево, Мишел најави дека на 23 јуни ќе се одржи средбата на лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ со лидерите на Западен Балкан. -Сакаме да ја продлабочиме соработката и да го продолжиме дијалогот, додаде Мишел. Според него, тој сакал од прва рака да слушне за што се загрижени претставниците на БиХ, како и да дознае кои се приоритетите за ЕУ ​​да најде начин да помогне. -Додека зборуваме овде, Русија врши напад врз украинскиот народ, а во 1990-тите БиХ ги почувствува ужасните последици од војната. Знаете колку е важна нашата поддршка, да дејствуваме заедно, рече Мишел, кој е во прва посета на БиХ. Европскиот функционер оцени дека последиците од украинската војна подеднакво ги чувствуваат сите на европскиот континент, без разлика дали се работи за промени на цените на нафтата, храната или воопшто енергенсите. сд/

Остани поврзан