• четврток, 26 декември 2024

Мишел: Азербејџан треба веднаш да ја прекине својата воена операција во Нагорно Карабах

Мишел: Азербејџан треба веднаш да ја прекине својата воена операција во Нагорно Карабах

Брисел, 19 септември 2023 (МИА) - Азербејџан треба „веднаш да ја прекине“ својата воена операција во спорната енклава Нагорно-Карабах, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Воените дејствија на Азербејџан треба веднаш да се прекинат за да се овозможи вистински дијалог меѓу Баку и Ерменците од Карабах“, напиша Мишел на платформата Х.

Азербејџан денеска соопшти дека почнал „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно Карабах, планински регион за кој се спорат двете земји.

Планинскиот регион Нагорно Карабах и дел од околните територии се под контрола на Ерменија од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година, но Азербејџан ги поврати овие територии во шестнеделната војна во 2020 година, која заврши со прекин на огнот со посредство на Русија, и оттогаш контингент руски мировници се наоѓа во Нагорно-Карабах. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан