• среда, 04 март 2026

Мицотакис телефонски разговарал со Аун и Нетанјаху, Герапетритис со Фидан

Мицотакис телефонски разговарал со Аун и Нетанјаху, Герапетритис со Фидан

Атина, 3 март 2026 (МИА) – За последните случувања во Либан, бил информиран грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во телефонските разговори со претседателот на Либан Жозеф Аун и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, информираа од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

- Киријакос Мицотакис го призна правото на Израел на самоодбрана, но истакна дека е неопходно да се избегне дополнителна ескалација и отворање нов фронт преку обемни копнени операции во јужен Либан. Во разговорот со премиерот на Израел разговараа и за неиспровоцираниот напад врз Република Кипар, како и за одбранбената поддршка што ја обезбедува Грција, информираа од кабинетот на грчкиот премиер.

Последните случувања во поширокиот регион на Блискиот Исток, како што објавија од грчкото МНР на Икс, биле во фокусот на телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на Грција и Турција Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан. ср/рп/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан