• среда, 13 ноември 2024

Мицотакис повика на воздржаност и смиреност по сериозните инциденти на протестот во Атина

Мицотакис повика на воздржаност и смиреност по сериозните инциденти на протестот во Атина
Атина, 9 март 2021 (МИА) – Во овие моменти мора да надвладее воздржаноста и смиреноста, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во изјавата за инцидентите во атинската населба Неа Смирни, додавајќи дека „жалните слики на насилство што сите ги видовме вечерва во Атина, мора да бидат последни“, но воедно истакна дека „слепиот бес не води никаде“, јави дописничката на МИА од Атина. -За жал, некои луѓе ги игнорираа нашите предупредувања. И, на оние кои се обидуваат да шират омраза и поделба во општеството за да го покријат сопствениот ќорсокак, како што тоа го правеа во минатото, им одговарам со следново: Вечерта на изборите на 7 јули 2019 година, истакнав дека сум тука за да гарантирам единство, безбедност и просперитет на сите Грци. Ова го повторувам и сега. Нема да дозволам никој да нè дели. Нема да дозволиме никој да не врати назад, рече Мицотакис. Инцидентите и насилството ги осудија и од опозициската СИРИЗА. Како што претходно објави МИА, вечерва имаше сериозни инциденти за време на протестот против полициското насилство во атинската населба Неа Смирни, а со повреди на главата во болница е пренесен полицаец, кој според првичните информации, бил нападнат од поголема група непознати лица. Вкупно, повредени се тројца полицајци, а уапсени 11 лица. ср/ссм/

Остани поврзан