• недела, 24 ноември 2024

Мицотакис: Побарувачката на електирична енергија пет часа покриена само од обновливи извори на енергија

Мицотакис: Побарувачката на електирична енергија пет часа покриена само од обновливи извори на енергија
Атина, 11 октомври 2022 (МИА) - На 7 октомври, обновливите извори на енергија по првпат ја покрија целата побарувачка на електрична енергија во Грција за пет часа, напиша на „Твитер“ грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и додаде дека „зелената енергија е во пораст“ во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Посочи дека Грција брзо се појавува како лидер во обновливите извори на енергија, „рангирана на седмото место на глобално ниво во 2021 година во однос на соларната и ветерната енергија како удел во вкупното производство на електрична енергија“, но и дека речиси 50 отсто од дневното производство доаѓа од обновливите извори. -Соочени со невидена глобална енергетска криза, патот напред е јасен: треба побрзо да се движиме кон повеќе обновливи извори за да им испорачаме поевтина енергија на граѓаните, напиша Мицотакис на „Твитер“. ср/зш/

Остани поврзан