• среда, 25 декември 2024

Мицотакис за европската перспективата на Западен Балкан: Време е ЕУ да испорача

Мицотакис за европската перспективата на Западен Балкан: Време е ЕУ да испорача
Атина, 24 септември 2021 (МИА) – Да не ја испуштиме можноста да го искористиме самитот ЕУ -Западен Балкан во Словенија за да се направи смел чекор напред. Време е Европската унија да испорача, нагласи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото обраќање на Генералното собрание на ОН, во делот посветен на европската перспектива на регионот, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис истакна дека Грција секогаш беше активен поддржувач на европската перспектива на Западен Балкан како средство за повеќе просперитна, стабилна и демократска иднина на регионот. -По усвојувањето на Солуснката агенда во 2003 година европската перспектива беше движечка сила за реформи, демократизација и промена. Но, да бидеме искрени, исто така постоеше и замор и разочарување. 18 години е долго време.  За неколку дена, Самитот ЕУ- Западен Балкан ќе се одржи во Словенија. Да не ја испуштиме можноста да го искористиме Самитот за да се направи смел чекор напред. Време е Европската унија да испорача, рече Мицотакис. ср/

Остани поврзан