• сабота, 23 ноември 2024

Мицотакис до Турција: Запрете со провокациите и дојдете да разговараме како цивилизирани соседи

Мицотакис до Турција: Запрете со провокациите и дојдете да разговараме како цивилизирани соседи
Атина,  20 август 2020 (МИА) - Секако дека секогаш ќе ги браниме нашите суверени права, но нема да бидеме оние кои ќе се стремат кон ескалација. Според тоа, мојата порака до Турција е многу едноставна: запрете со провокациите и дојдете да разговараме како цивилизирани соседи,  вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за „Си-Ен-Ен“, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис објаснува дека  Европската унија се обврзала, до крајот на месецов да подготви листа со опции „во кои ќе бидат опишани низа санкции за Турција што би можеле да се разгледаат“, доколку Анкара продолжи со истата позиција. -Ако Турција не го промени ставот ќе има последици и ќе ги стави во опасност целокупните односи со Европа, бидејќи провокации од овој вид, не може да останат неодговорени, не само од Грција или Кипар, туку и од Европа во целост, вели Мицотакис Грчкиот премиер во интервјуто за „Си-Ен-Ен“ објаснува дека разликата со Турција е во однос на одредувањето на морските зони меѓу двете земји, порачува дека Грција нема да толерира еднострани активности од Анкара и доколку запрат тие, постои простор за дијалог. Додава дека турското однесување „не е закана само за суверените права на Грција и Кипар, туку и за стабилноста на целиот Источен Медитеран“.ср/сд/

Остани поврзан