• четврток, 26 декември 2024

Мицотакис го поканил принцот Чарлс да присуствува на јубилејот од востанието за независноста на Грција

Мицотакис го поканил принцот Чарлс да присуствува на јубилејот од востанието за независноста на Грција
Атина, 12 февруари 2021 (МИА) - Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера телефонски разговарал со принцот од Чарлс и му ја повторил поканата да присуствува на манифестацијата на 25 март во рамките на прославата на 200-годишнината од почетокот на востанието, во чест на придонесот на Велика Британија во борбата за независност, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, принцот Чарлс одговорил позитивно на поканата, но истакнал дека сепак, конечниот одговор ќе зависи од текот на пандемијата. На 25 март годинава, Грција ја одбележува 200-годишнината од почетокот на востанието за независност, национален празник во земјата и ден кога во Атина се одржува воена парада. Според грчките медиуми, оваа година за присуство на јубилејната манифестација, покани освен до принцот Чарлс, биле испратени и до претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон. Дел од грчките медиуми, повикувајќи се на руските, пред извесно време објавија дека Путин, ја одбил поканата и нема да присуствува на воената парада во Атина. ср/ми/

Остани поврзан