• сабота, 28 декември 2024

Мицотакис: Во наши раце е да ги почитуваме мерките и да славиме Божик со отворени цркви

Мицотакис: Во наши раце е да ги почитуваме мерките и да славиме Божик со отворени цркви
Атина, 14 ноември 2020 (МИА) – Оптимизам дека почитувањето на здравствените правила и подобрувањето на епидемиолошката слика во земјата ќе дозволат прослава на Божик во поинаква средина, му изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос на нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис го известил поглаварот на ГПЦ за текот на епидемијата и за преземените мерки. - Во наши раце е да ги почитуваме мерките и да славиме Божик со отворени цркви, истакнал Мицотакис, - Сите имаме одговорност, со нашиот став да ги заштитиме луѓето и јавното здравје, за да можеме да го славиме Божик во нашите храмови, додал архиепископот. Според медиумите во Грција, Светиот Синод на Грчката православна црква минатата седмица испратила писмо до Мицотакис, потпишано од архиепископот Јеронимос, во кое, меѓу другото се бара црквите да бидат отворени за божиќните празници. ср/гт/

Остани поврзан