• сабота, 28 декември 2024

Мицкоски: Ќе понудиме план за да ја извадиме државата од криза

Мицкоски: Ќе понудиме план за да ја извадиме државата од криза
Скопје, 31 декември 2020  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Клан истакна дека оваа година која што е повторно изборна за државата, ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди план и решенија за излез од кризата. Тој смета дека постојат шанси покрај локалните да има и парламентарни избори, па затоа решенијата ќе бидат и на локален но и државен план. Тој вели дека оваа влада нема стратегија како да ја развива државата, а секоја идеја на опозицијата се одбива, а за да може опозицијата да биде конструктивна треба и владата да биде таква. - Не гледам креативност, не гледам стратегија не гледам визија како понатаму. Се занимаваат со сито политиканство, купи ден - продај политики, но без некаква визија, како оваа држава треба да се справи со оваа криза која што ја живееме, а потоа како да продолжи да се развива понатаму. За да опозицијата сега биде конструктивна , треба да имате од другата страна конструктивна власт. Доколку власта не е конструктивна вие не може како опозиција да сте конструктивни и да нудите решенија кои премногу надмено се отфрлаат и воопшто не се ни земаат во предвид за разгледување, потенцираше Мицкоски. Како пример за неконструктивноста на СДСМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ја даде техничката влада каде секоја одлука на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев беше одбивана од владата. - Сето она што дојде како идеја од страна на опозицијата и како предлог, беше одбиено од страна на владата, за да некои од предлозите после ден или два месеци бидат прифатени и бидат преставени дека се предлози и припаѓаат на владата. И таа бледа копија е добра отколку никаква Улогата на опозицијата е да критикува, а опозицијата ќе понуди програма и решенија пред избори. Сега имаме локални избори, јас се надевам дека тогаш може да се случи пресврт и да имаме и парламентарни избори и врз основа на нашите анализи, ние ќе понудиме програма и како локално да ја развиеме Македонија и како да ја развиваме државата, нагласи Мицкоски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан