• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски: Ќе бидеме во собраниските клупи, само ќе се воздржиме од гласање за Џафери

Мицкоски: Ќе бидеме во собраниските клупи, само ќе се воздржиме од гласање за Џафери

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека партијата останува на ставот дека нема да ја гласа техничката влада со Талат Џафери како технички премиер, во која ќе имаат свои технички министри.

-Нема да бидеме како СДСМ. Да, ќе бидеме во собраниските клупи, само ќе се воздржиме од гласање. Цениме дека Талат Џафери не заслужува да биде гласан. Ако го гледаме вториот мандат неколкупати тој го крши Деловникот, Уставот. Тој е плод на политички договор кој го имале СДСМ и ДУИ. Вие не може да поддржите политички договор на политички партии во чие што друштво вие влегувате по сила на закон, рече Мицкоски во гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма.

Тој посочи дека кога би бил мандатар нема да прифати, како што рече, „таков лик да биде дел од неговиот кабинет“.

-Господинот Џафери не би бил ако јас ја имам можноста да бирам дел од тимот на соработници со кои што би соработувал. А, тоа ќе го кажат граѓаните на 8-ми мај. Ако ми ја дадат довербата тогаш сигурни бидете дека Талат Џафери нема да биде, посочи Мицкоски

Мицкоски додаде дека по неколку месеци кога, како што рече, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го ослободи партизираното обвинителство и судство ќе го потсети Џафери на изјавата  „баш ми е гајле“. 

-После 8-ми мај кога граѓаните ќе ја дадат довербата и некое време откога ќе го ослободиме обвинителството и судството јас лично ќе ве потсетам на оваа изјава на господинот Талат Џафери и тогаш ќе видиме какви репeркусии таа изјава носи, рече Мицкоски.

Тој вечерва ги објави предлозите за кандидати за министри и заменици министри во техничката влада за кои вечерва на седница одлучува партискиот Извршен комитет.  вг/лв/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Остани поврзан