• четврток, 19 декември 2024

Мицкоски: Тоа што ќе им се случи на овие од власта дента на изборите ќе биде најголемата лекција, а тоа е огромна победа што ќе ја има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

Мицкоски: Тоа што ќе им се случи на овие од власта дента на изборите ќе биде најголемата лекција, а тоа е огромна победа што ќе ја има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

Скопје, 14 октомври 2023

 

Луѓето од општинската администрација, градоначалникот на Штип се трудат повеќе од максимално имајќи во предвид каква Влада имаме. Владата на СДСМ и ДУИ наместо да работи, да испорачува и да ги стимулира општините со тоа да ги подобрува условите за живот на граѓаните, тие го прават спротивното и прават опструкции каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата,  рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Штип која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски укажа на тоа дека од Владата не даваат одобренија за вработувања во оние институции каде има пензионирања, ги одземаат ингеренциите во многу општини каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

„Оваа Влада не вложува мислејќи дека ќе ги направи градоначалниците невешти, дека нема да ги испорачаат ветувањата за време на кампања во 2021 и на тој начин на следните избори довербата наместо на ВМРО-ДОПМНЕ и Коалицијата ќе им ја доверат ним. Тука прават една голема грешка, посебно од СДСМ ги потценувале граѓаните, мислеле дека се со кратко помнење. Така прават и овој пат“, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека тоа што ќе им се случи на изборите ќе им биде најголема лекција.

„Тоа што ќе им се случи дента на изборите ќе биде најголемата лекција за политичката партија и оние кои ја управуваат, а тоа е огромна победа што ќе ја има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата“, посочи Мицкоски.

А за таа победа да биде доволна за сите реформи, додаде Мицкоски, „потребно е сите заедно да застанеме зад ВМРО-ДПМНЕ како никогаш до сега и да се обединиме.“ 

„Кога ви велат дека е нешто невозможно тогаш е потребно да застанеме цврсто еден до друг и да се обединиме, и да продолжиме да се бориме се до конечната победа, се до конечната цел, а тоа е мнозинство во македонскиот Парламент. Мнозинство за сите овие реформи за кои што зборувам, а тоа се 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при средба со граѓаните во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски додаде дека од власта изминативе шест години се што ветија не исполнија, туку нивните функционери од голтари станаа милионери.

„Важно е да направиме разлика од тие кои што изминативе шест години зависеше од нив се, а што направија? Освен тоа што од голтари поединци станаа милионери. Се што ветија, направија спротивно“, нагласи тој.

„Важно е да направиме разлика од тоа што зависеше од нив досега, а тоа беа изминативе шест години и тоа што зависи од вас, а тоа се следните четири години, четирите години после тие четири, па следните четири години итн. Не верувајте на секој оној кој што има задача да ве обесхрабри, да ве демотивира, да ве оттргне од намерата да се обединиме околу единствениот носечки национален столб а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“, укажа Мицкоски.

Тој посочи дека од власта ќе кажуваат работи кои што се еднакви на чуда, а ВМРО-ДПМНЕ не се чудотворци и нема да ветува чуда како нив. Но, тоа што ќе го вети ВМРО-ДПМНЕ ќе го оствари.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото и видео: ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан