• недела, 24 ноември 2024

Мицкоски: Струјата ќе поскапи за повеќе од 10 проценти

Мицкоски: Струјата ќе поскапи за повеќе од 10 проценти
Скопје, 28 мај 2022 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција прес партиското седиште денеска изјави дека покрај досегашните 30 проценти, од 1 јули граѓаните ќе плаќаат за повеќе од 10 отсто поскапа струја. Како причина за тоа ги наведе тоа што багерите на РЕК Битола не ископуваат јаглен поради поплава, цената на уличното осветлување и помалото производство на електрична енергија. - Главната и суштинска работа зошто го споменувам уличното осветлување е вчера лиферуваниот податок дека општините преку уличното осветлување потрошиле 30 милиони денари, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа е 1,32 проценти од вкупно потрошената струја за 2021 година. Математички, според него,  е невозможно струјата да поскапе 10 проценти ако само уделот на јавното осветлување е десетократно помал. -Е сега каде се парите? Од истиот тој извештај на Регулаторната комисија за 2021 година можете да забележите дека во 2021 година се произведени од страна на ЕЛЕМ 3,17 тераватчасови електрична енергија, а само две две години претходно во 2019 година 4,25 тераватчасови електрична енергија. Што значи ЕЛЕМ наместо да произведува односно на тие што го водат приоритет им се договори во четири очи, нагласи Мицкоски. Разликата во пари во производството на струја, според него, изнесува 250 милиони евра. Решението на ВМРО-ДПМНЕ за проблемот со зголемување на сметките за електричната енергија е земјата да се врати на производството на струја од 2019 година. - Да се вратиме најмалку од производството од 2019 година и тоа ќе го направиме за шест месеци. Ова денеска што се случува е минус 250 милиони евра, вели Мицковски. Повторно ги повика граѓаните да се приклучат на нивниот протест на 18 јуни за што детали најави наскоро. - Очекуваме општествена и политичка поддршка. Повикани се сите оние граѓани, политички и општествени субјекти да излезат и да ни се придружат, нагласи Мицкоски. Уште еднаш нагласи дека предвремени избори треба да има повикувајќи се на резултати од теренски анкети што, според него, покажуваат дека луѓето сакаат предвремени избори. ки/ев/  

Остани поврзан