• недела, 24 ноември 2024

Мицкоски - Стирк: Изборниот процес треба да помине во фер и демократска атмосфера

Мицкоски - Стирк: Изборниот процес треба да помине во фер и демократска атмосфера

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска се сретнале со Џилиан Стирк, шефица на мисијата за набљудување  на претстојните избори на ОБСЕ, Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Како што соопштија од ВМРО - ДПМНЕ, Мицкоски изразил очекување дека изборниот процес ќе помине во фер и демократски атмосфера.

- Претседателот Мицкоски ги информираше претставниците на ОБСЕ/ОДИХР дека постои сомнеж оти постои потенцијална можност за злоупотреби во тек на изборниот процес од страна на СДСМ и ДУИ, се наведува во соопштението и се додава дека Мицкоски на средбата со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР ја истакнал потребата од одржување на изборите, претседателски и парламентарни во мирна атмосфера. цр/дма/

Фото: ВМРО - ДПМНЕ

Остани поврзан