• четврток, 26 декември 2024

Мицкоски: Спасовски да ја напушти Владата ако не се согласува со законот за амнестија

Мицкоски: Спасовски да ја напушти Владата ако не се согласува со законот за амнестија

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да ја напушти Владата доколку не се согласува со носење на законот за амнестија. 

Мицкоски, кој денеска присуствува на почетокот на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Охрид рече дека Спасовски има две опции.

- Едната опција е ако не се согласува да ја напушти владата, рече Мицкоски.

Втората опција која ја има Спасовски, потенцира лидерот на опозицијата, е да молчи и да прифати дека тие коишто се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци или познати како нарко дилери, переле пари, вршеле изнуда, правеле насилство и така натаму.

 -И тие треба да добијат намалени затворски казни или дел од нив да добијат и целосна амнестија, за да потоа се најдат повторно на улиците и да повторно прават проблеми и го тероризираат чесниот граѓанин во Македонија, додаде Мицкоски. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за медиумите во саботата кажа дека во моментот ваков закон е непотребен. 

Владата го достави законот за амнестија по скратена постапка, во Собранието, и се уште нема информација кога тој ќе биде ставен на дневен ред. ев/нд/

Остани поврзан