• среда, 25 декември 2024

Мицкоски: СОНК ја има нашата поддршка за протести за платите на просветните работници

Мицкоски: СОНК ја има нашата поддршка за протести за платите на просветните работници
Скопје, 25 март 2022 (МИА) - СОНК како што најави протести ја има нашата поддршка за протести за платите на просветните работници. Наставниците, професорите да бидат спокојни никој нема да им се заканува барем на локално ниво автократијата е поразена, рече претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во гостување на ТВ 21.  Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон со кој побара да биде направено нивелирање на коефициентите на сложеност на работните места според растот на минималната плата, што беше усвоена од страна на Владата, но оти нема слух од власта за тој закон.

-Најнискиот коефициент на сложеност во моментот е минималната плата со основно образование од 18.000 денари а асистентот кој е примен е со 23.000 денари а треба да е магистер на науки, тогаш како ние ќе ги мотивираме младите да се бават со наука. Доколку најнискиот коефициент на сложеност е со основно образование, тогаш како ние младите студенти кои имаат по 9,50 или 10 просек и сакаат да се бават со наука ќе ги мотивираме да се бават со наука, а платата за тоа е 23.000 денари, рече Мицкоски. 

Меѓу останатото, наведе дека 75 проценти од граѓаните сметаат дека државата се движи во погрешен правец, а Владата треба да си замине. Во однос на случајот Плацеви на Водно,  наведе дека ВМРО-ДПМНЕ не е поврзано  и оти партијата е реформирана. Рече дека ги прочитал сведочењата во овој случај и доадде дека доколку е точно тогаш е згрозен. Воедно изрази жалење што, како што рече, Никола Груевски не е овде за да се слушне и неговото мислење во однос на тоа обвинение. -Јас немам потреба да го губам ниту своето време, ниту на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да губи енергија како што велите вие да се амнестира. ВМРО-ДПМНЕ е реформирано, со јасна политичка матрица, ВМРО-ДПМНЕ излезе на неколку изборни циклуси, на последниот изборен циклус на два пати го декласираше политичкиот противник СДСМ. Тоа се млади, амбициозни и чесни луѓе кои што се фатија за решавање на проблемите во најтешкото, не само за партијата, туку и за државата, и јас сум горд за нив, рече Мицкоски.лв/вг/

Остани поврзан