• среда, 18 декември 2024

Мицкоски: Секој атом од енергијата ќе го вложам да направиме подобри услови за живот, правиме планови за силни промени

Мицкоски: Секој атом од енергијата ќе го вложам да направиме подобри услови за живот, правиме планови за силни промени
Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) - Планирам секој атом од својата енергија да го вложам да работам за граѓаните, да бидам нивен сервис, да направиме реформи кои ќе значат подобар живот за граѓаните. Ние сега на тоа сме фокусирани бидејќи за три, четири дена од сега тоа ќе биде реалноста како да направиме подобри услови за живот во општините во кои ВМРО-ДПМНЕ ќе има свои градоначалници, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, народот со СДСМ живее лошо и затоа ВМРО-ДПМНЕ добило огромна поддршка во првиот круг и таквата поддршка значи дека народот има големи очекувања кои треба да се оправдаат. - Граѓаните сакаат да видат едноставно надеж, сакаат да видат план за како понатаму, а не да се враќаме назад. Така што и онаа енергија што ја чувствувам на терен е многу подобра од енергијата што беше пред првиот круг и ценам дека ВМРО-ДПМНЕ и после вториот круг ќе биде апсолутен победник, нагласи Мицкоски во дебатна емисија на ТВ Шења. Потенцира дека во првиот круг граѓаните одлучиле да го дадат својот глас спротивно на владиниот кандидат во многу општини, а такви се од поголемите Охрид, Битола, Гевгелија, Радовиш. Тоа се општини во кои во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ убедливо водеше. Мицкоски посочи дека не гледа дека ќе дојде до пресврт во вториот круг, бидејќи граѓаните бараат промени, бараат подобар живот. - Црна кампања ваква каква што ја води СДСМ има две цели, првата е да ја намали излезноста. Со црната кампања ќе ја спуштат излезноста и ќе дојде до битка на партиските војски на власта и опозицијата, мислам дека им е погрешна проценката. А на народот им е преку глава од нивниот кандидат и масовно ќе излезат за гласаат за Данела Арсовска, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Проценката, посочи, им е погрешна и убеден сум дека масово ќе излезат и ќе гласаат за Арсовска. - Втората цел им е да направат немир кај неа, таа била менаџер, истакната е меѓународно како експерт и ова е непознат терен за неа. И затоа таа вели ќе бидам менаџер, а тоа му треба и на градот, рече Мицкоски. Потенцира дека нема да има поделби на граѓани по етничка припадност. - Ја користам оваа прилика да упатам една порака и до граѓаните дека јас живи луѓе не јадам, едноставно тоа не е дел од моето воспитување, јас не сум човек кој вели дека ќе брка од хигиеничарка до министер. Не, јас сум човек кој сака да отвори дополнително работно место повеќе. Сите треба да бидат безгрижни, оние кои чесно и одговорно си ја вршат својата работа, оние кои преку платата што ја добиваат обезбедуваат егзистенција за своите семејства, рече Мицкоски. Појасни дека нема за него бизнисмен лев, десен, нема за него бизнисмен конзервативен, либерален или неопределен и додаде дека за него сите тие луѓе се херои, бидејќи се мачат од први до први да обезбедат егзистенција и плата на граѓаните. рп/дма/

Остани поврзан