• среда, 25 декември 2024

Мицкоски: Ромскиот идентитет е дел од македонската нација

Мицкоски: Ромскиот идентитет е дел од македонската нација

8 април 2023

„Најпрвин ќе ми дозволите да го честитам Денот на ромскиот идентитет како што кажа Цирко, многу е значајно тоа затоа што ако некој мене ме убедуваше дека во 21 век како човек јас ќе морам да се борам за мојот македонски идентитет немаше да му верувам. Наместо да зборувам јас денеска за вештачки интелигенции, за каква животна средина имаме, за нови работни места, за напредна технологија, да зборуваме за нешто кое што е поврзано со квалитетно образование, можеби нешто повеќе од тоа, ние денеска зборуваме за идентитет во 21 век, во Европа. Замислете какви двојни стандарди постојат“, истакнапретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски обраќајќи се на денешната панел дискусија по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8-ми Април насловена „Ромите во Македонија во минатото и сега“.

„Јас ви го честитам овој ден и сакам да направам едно потсетување дека во Владата на ВМРО-ДПМНЕ овој ден во Македонија стана ден кој што е национален празник, и кој што е празник на сите граѓани без разлика на кој дел од народ му припаѓаат, дали се тоа Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, сите тие го слават денеска Денот на ромскиот идентитет. И мојата порака до вас е да го чувате, да го чувате вашиот ромски идентитет. Ако ме прашање како се чува ромскиот идентитет, ромскиот идентитет се чува на начин на кој што ќе покажете малце повеќе пркост, ќе покажете одважност, достоинство, ќе имаме многу повеќе луѓе кои што се доктори по наука Роми, магистри Роми, високо образовани Роми, висококвалификувани Роми, луѓе кои што кога ќе дојдат избори нема да ги бројат продуктите од социјалните пакети затоа што некои политички измамници, криминалци дошле по вашиот глас. Туку луѓе кои што ќе ги ценат политичарите во Македонија по тоа што направиле за тој ромски идентитет и за ромскиот народ и што ќе направат“, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе остави простор за да тие планови кои што се планирани да се реализираат. И зошто да нема ВМРО-ДПМНЕ повеќе комитети надвор Скопје каде што има ромски народ.

„Слушнав од господинот Цирко дека нема ромски театар, нема ромски културни центри. Еве јас јавно кажувам дека во најголемата и единствена ромска општина во Македонија Шуто Оризари локалната самоуправа и градоначалникот да обезбедат таква парцела која што е сопственост на општината и идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе испроектира и ќе изгради во прво време културен центар, а потоа во догледно време тој културен центар да прерасне и во ромски театар. Бидејќи имаме македонски театар, имаме албански, имаме турски, за жал голем дел од овие театри оваа Влада на ДУИ подржана од СДСМ веќе 6-та година не може да ги догради, тоа што го почна ВМРО-ДПМНЕ. Но, еве јас јавно преземам обврска и ветувам дека доколку Општината во која што многу значајна улога имаше општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ посебно во реизборот на актуелниот градоначалник обезбеди такво место, ние како идна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ најпрвин ќе изградиме културен центар, а потоа тој културен центар ќе прерасне и во театар кој што ќе биде дел од ромскиот идентитет во Македонија“, вети Мицкоски.

Тој рече дека ромскиот идентитет е дел од македонската нација и тоа не треба да се заборави.

Обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

На денешната трибина по повод меѓународниот ден на Ромите ВМРО-ДПМНЕ организира панел дискусија насловена „Ромите во Македонија во минатото и сега“ во општинската зграда на Општина Бутел, каде што свое обраќање имаше претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој што ги повика младите роми да се приклучат кон унијата на  млади сили и да бидат активни, гласни и борбени за промени кон подобро во општеството.

„Сакам да ви го честитам овој ден интернационалниот ден на ромите, јас велам дека кога еден млад човек сака да направи нешто добро за својата земја, за својата околина за своите пријатели, другари своите поколенија и сите останати Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е единствената организација на која што треба да и се приклучи. Затоа што УМС на ВМРО-ДПМНЕ е единствената организација во државата која што има структура сила моќ, и волја да ги канализира сите идеи и потреби на младите и истите да ги преточи во реализација без разлика дали тоа се млади Роми, Срби и други сите ние имаме исти или слични проблеми и на вас и на вас ни недостасува посигурна иднина образование ни недостасуваат работни места, ни недостасува иднина овде во Македонија на сите млади луѓе“, истакна Попов.

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов упати порака до сите млади роми во државата дека вратите на унијата на млади сили се отворени за сите, да се приклучат и да бидат активни, гласни и борбени доколку сакаат да направат добри работи за општеството.

„Затоа како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ упатувам порака до сите млади роми во државата дека вратите на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е отворена.  УМС е унијата во која треба да се приклучите ако сакате да направете нешто подобро за сите вас, бидејќи УМС на ВМРО-ДПМНЕ е дел од партијата ВМРО-ДПМНЕ, а ВМРО-ДПМНЕ докажала дека кога е на власт своите проекти ги реализира. Своите ветувања не ги заборава и на младите луѓе не заборава. Па така нема да заборави ниту на младите роми, ниту набило кои други млади во Македонија. Јас ве повикувам вас, младите роми да бидете активни гласни да бидете бурни, да бидете борбени, и сте работи ќе си дојдат на свое место“, нагласи Попов.

Обраќање на претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан