• среда, 25 декември 2024

Мицкоски: Решен откупот на ориз

Мицкоски: Решен откупот на ориз

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека е решен откупот на ориз. Донесена е одлука дополнително да се поддржи откупот со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз, а оризопроизводителите ќе добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година.

- По интензивните средби кои ги имавме заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски периодов се пронајде решение за откупот на оризопроизводителите. Се донесе одлука дополнително да се поддржи откупот со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз. Плус на ова оризопроизводителите ќе добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Според него, ова е конкретна и многу добредојдена поддршка за земјоделците. На овој начин, како што наведува, ги решаваме проблемите и се бориме за подобар стандард на сите! мд/са/

Фото: Фејсбук на премиерот Мицкоски

Остани поврзан