• среда, 04 март 2026

Мицкоски: Реформскиот процес е одговорност, фокус на практични и одржливи политики

Мицкоски: Реформскиот процес е одговорност, фокус на практични и одржливи политики

Скопје, 3 март 2026 (МИА) - Во Владата денеска се одржала работна средба посветена на реформската агенда, со акцент, како што информира премиерот Христијан Мицкоски, на конкретни мерки за зајакнување на институционалните капацитети, владеењето на правото и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил порача дека реформскиот процес не е само формална заложба, туку одговорност што подразбира континуирана работа, транспарентност и партнерство.

- Тоа е пат кој бара јасна стратегија и посветеност кон долгорочни цели. Остануваме фокусирани на спроведување практични и одржливи политики што носат вистински резултати, напиша Мицкоски. лв/аа/

фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски 

Остани поврзан