• сабота, 27 јули 2024

Мицкоски: По поминати исклучително тешки 12 дена, денеска се чувствувам подобро

Мицкоски: По поминати исклучително тешки 12 дена, денеска се чувствувам подобро
Скопје, 10 март 2021 (МИА) - Петседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Инфективната клиника се огласи за својата состојба со коронавирусот, потенцирајќи дека по поминати исклучително тешки 12 дена, денеска се чувтсвува подобро. -13 ден откако сум ковид позитивен. Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н., цитокинска бура, интерлеукин 6 се намалувал. Денес ми е прво утро без покачена температура, подобро се чувствувам. Ова што јас го преживувам не сакам да биде ничија реалност бидејќи вирусов е страшен. Сакам да упатам јавна благодарност до целиот медицински персонал на Инфективна клиника во Скопје. Секој од нив е вистински борец и нивната посветеност и пожртвуваност не се опишува со зборови, напиша Мицкоски на својот Фејсбук-профил. Жално и трагично е што сѐ уште не е започнат процесот на вакцинација, истакнува тој, бидејќи без тоа нема решение, а очигледно за него ќе чекаме уште многу. - Ќе помине и мојата здравствена мака, ама ќе започне маката на Владата заради оваа неодговорност и неспособност за набавка на вакцини. Не е време за циркус со шпиунски игри, треба сериозни луѓе на вистински места што знаат како. Ако на времето беше смешно кога ќе слушневме дека блескаме, денес е трагично бидејќи блескаме поради срамот, простотилукот, неспособноста на власта. Доаѓа денот за одговорност, напиша Мицкоски. фф/ац/ фото: МИА архива

Остани поврзан