• четврток, 26 декември 2024

Мицкоски по повод 23 Мај: Власите се составен дел од македонската историја и култура

Мицкоски по повод 23 Мај: Власите се составен дел од македонската историја и култура

Скопје, 23 мај 2024 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ упатува честитка по повод 23 Мај, Национален ден на Власите.

-Власите се составен дел од македонската историја и култура, секогаш давале придонес за општеството и неговиот развој. Како идна влада ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на засилен и забрзан економски развој, евроинтеграции и борба против корупцијата, процеси во кои ќе бидат вклучени и  Власите, се вели во честитката од Мицкоски по повод 23 Мај.

Следува, како што подвлекува Мицкоски, враќање на државата кон народот, „кон секој еден човек, да се чувствува безбедно, со еднакви можности и со ветувачка иднина“.

- За иднината мора да се работи, да се унапредува животниот стандард и економските прилики, нагласува Мицкоски во честитката по повод Национален ден на Власите. аа/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан