• четврток, 26 декември 2024

Мицкоски потврди дека е донесена владина одлука за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

Мицкоски потврди дека е донесена владина одлука за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека е донесена владина одлука за изградба на кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“. 

Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека станува збор за развоен проект што ќе трае неколку години, додавајќи дека одредени структури ќе се обидат и тоа да го искористат како провокација.

- И ова со универзитетот „Мајка Тереза“ ќе го искористат дека е Универзитет на којшто наставата се одвива на албански, па да создадат гнев кај Македонците, зошто кај Албанците се инвестира, а не кај Македонците. Тоа е провокацијата. Мислам треба да знаат тие што овие провокации ги прават, дека каде што одат, ние одамна сме се вратиле, рече Мицкоски.

Во изјавата Мицкоски нагласи дека се потребни реформи во високото образование и дека мора да се работи на квалитетно високо образование и да се продуцираат квалитетни кадри кои треба да одговорат на потребите на бизнис заедницата, каде исклучиво се цени квалитетот и знаењето.

- Сакам да зборувам за образованието, за подобро и поквалитетно високо образование, за сериозни реформи во високото образование кога некои универзитети коишто во минатото работеле спротивно на законот, а тие коишто ги воделе тие универзитети дали биле ректори или на поинаков начин, ќе одговараат и кривично, бидејќи драматично го злоупотребиле буџетот што го полнат граѓаните, изјави премиерот. ам/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан