• среда, 18 декември 2024

Мицкоски: Поскапувањето на струјата ќе биде меѓу 17 и 18 проценти

Мицкоски: Поскапувањето на струјата ќе биде меѓу 17 и 18 проценти
Скопје, 29 јуни 2022 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека со новата цена на струјата и новиот тарифен модел граѓаните двапати ќе бидат оштетени. Поскапувањето на електричната енергија, како што рече, ќе биде меѓу 17 и 18 проценти. Мицкоски во гостувањето во дневникот на ТВ Сител посочи дека струјата ќе поскапи, а народот ќе гори се што може да најде за да се затопли оваа зима.

-Со новиот тарифен модел граѓаните ќе бидат на два пати оштетени, еднаш директно преку плаќање на сметките и вториот пат преки буџетот, бидејќи повторно ќе треба помеѓу 150 и 200 милиони евра да има дотации од буџетот до ЕЛЕМ. Лиферуваат процент од 7,4 проценти и тоа е лага, подготвен сум со секого да го дебатирам тоа. Процентот ќе биде помеѓу 17 и 18, и тоа ќе го почувствуваат граѓаните во сметките. Тоа го зборувам две години, рече Мицкоски.

Тој напомена дека цената на струјата што ја плаќаат домаќинствата се формира по три основи - цената која се исплаќа кон ЕЛЕМ, потоа цената кон МЕПСО за пренос и пазар и цената до дистрибутерот, а тоа е ЕВН. ето ова се зголемува за маржата од 11,5 отсто. За Електрани зголемувањето е 17 отсто, за ЕВН 20,94 отсто, и со едноставна математика добивате зголемување од 17 до 18 отсто, рече Мицкоски. Тој додаде дека зголемувањето на цената ќе го почуствуваат сите во зависност од периодот во годината, а најмалку кога нема греење или ладење, поточно на пролет или делумно есен. Но секогаш, потенцираше, кога ќе бидат вклучени клима уредите или затоплувањето со помош на инвертери, тогаш цената може да биде и до 30-40 отсто поголема.

Мицкоски исто така најави дека утре ќе заседава Извршниот комитет на партијата и како што рече, од таму ќе ги повикаат граѓаните да излезат на масовни протести низ повеќе градови во државата поради лошиот стандард, високите цени, инфлацијата и лошата економска состојба.бт/са/

Остани поврзан