• среда, 25 декември 2024

Мицкоски: Порака до македонскиот народ, масовно да излезе и да се попише, проверката следи со фингерпринтот за кој се изборивме

Мицкоски: Порака до македонскиот народ, масовно да излезе и да се попише, проверката следи со фингерпринтот за кој се изборивме

Скопје, 6 ептември 2021 (МИА) - Одговорни за законито и точно спроведување на пописот се Владата и Државниот завод за статистика, се останато во овој процес е фолклор, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи уште на почетокот на оваа година, додава, било практично во тоа време пописот да се одложи и да се реализира сега, во септември.

-Зошто? Затоа што ние сега реализирајќи го сега пописот можеме веднаш за време на локалните избори го исконтролираме, бидејќи сега на локалните избори ние ќе имаме фингерпринт терминали и тоа ќе ни биде првиот индикатор дали владата и ДЗС го завршиле пописот како што треба, истакна Мицкоски во интервјуто во емисијата Анализа на ТВ 24 коментирајќи го почетокот на пописот.

Тој упати порака до македонските граѓани масовно да се попишат и да не го бојкотираат овој процес, односно како што рече „граѓаните да не веруваат во оние анационални структури кои што се обидуваат повторно да направат раздор меѓу македонското ткиво, а со тоа да му ја продолжат политичката кариера на Заев и СДСМ“.

-Мојата порака е масовно да излезат граѓаните и да се попишат и мојата порака до македонскиот народ е да не ги слушаат и да не потклекнуваат на анационалните и антимакедонските елементи на македонската политичка сцена кои што во овој момент се обидуваат повторно да внесат раздор во македонското ткиво и помеѓу протесните гласови како што тоа го правеа за време на претседателските избори кога тогаш повикуваа на бојкот на тогашниот опозициски кандидат и практично ја продолжија кариерата на Зоран Заев и СДСМ, порача Мицкоски. 

Тој во интервјуто се осврна и на кандидирањето на Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје, и притоа истакна дека таа е личност која има импозантни достигнувања, а ако на нив се додаде нејзиниот план и визија за Скопје, како што нагласува, не зачудува нејзиниот потенцијал на анкетите.

-Во рамките на анкетите меревме и потенцијал, а потенцијалот кај г-ѓата Данела Арсовска беше прилично голем и тоа ќе се види уште на 17 октомври, нејзиниот личен потенцијал и нејзината биографија се навистина импозантни, Сојузот на стопански комори со кои таа менаџира е дел од една светска поголема структура од стопански комори, повеќе од 12.700, таа е дел од Управниот одбор, што е сериозно признание за човек пред се кој доаѓа од Македонија. Таа исто така е еден од обучувачите на земјите од Г20, станува збор за едно импозантно лично портфолио, појасни Мицкоски. сст/дма/

Остани поврзан