• среда, 18 декември 2024

Мицкоски: Доколку следната недела би се одржале изборите, излезноста би била над 50 проценти

Мицкоски: Доколку следната недела би се одржале изборите, излезноста би била над 50 проценти

Скопје, 13 март 2024 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува убедлива победа на претстојните избори и смета дека доколку следната недела би имале изборите, излезноста би се движела меѓу 50 и 55 отсто.

- Како што стојат сега бројките очекувам во вториот круг убедливо како прва да влезе професорката Гордана Силјановска Давкова, а како втор актуелниот претседател Стево Пендаровски. Очекувам разликата по првиот круг да биде поголема од 100 илјади гласа предност за Силјановска во однос на Пендаровски, рече Мицкоски во вечерашното интервју за емисијата „Клан директ“ на ТВ Клан.     
           
Тоа, според Мицкоски, ќе значи многу во насока како ќе се движат работите меѓу двата круга, бидејќи, како што додаде „вториот круг е во исти ден како и парламентарните избори и резултатот од првиот круг претседателски избори во многу нешто ќе влијае и во самата кампања и во атмосферата помеѓу двата круга, но и на парламентарните избори на 8 мај“.

Мицкоски очекува убедлива победа и на парламентарните избори.

- Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ без дилема. Ако сега би се одржале изборите следната недела ние би се движеле помеѓу 53 и 56 пратеника. СДСМ би бил тука некаде околу 25, албанските политички партии би делеле некаде помеѓу 25 и 27 и останатото би било дел од портфолиото на ЗНАМ и Левица. Тоа е резултатот којшто го очекувам доколку следната недела би имале избори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најави дека изборната програма ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира на 23 март. дма/бак/

Фото: ТВ Клан

 

 

Остани поврзан