• среда, 27 ноември 2024

Мицкоски: Она што се случуваше во Собранието во четвртокот е грубо нарушување и прекршување на демократијата

Мицкоски: Она што се случуваше во Собранието во четвртокот е грубо нарушување и прекршување на демократијата
Скопје, 17 ноември 2021 (МИА) - Она кое што се случуваше во Собранието во четвртокот е грубо нарушување и прекршување на демократијата во земјата. Начинот на кој се спречи формирањето на ново парламентарно мнозинство наликува на недемократските и тоталитарните земји во кои е нормално да се заканувате на пратеници, односно луѓе избрани од народот, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на „Топ тема“. Според Мицкоски, пратеникот Кастриот Реџепи не само што го погазил сопствениот збор поради материјални придобивки, туку го погазил и зборот на политичката партија БЕСА која што за разлика од него на денот на гласање пристигнала во Собранието. - Крајно несериозно после 24 часа од исчезнувањето на Реџепи, тој да излезе со видео порака на која јасно се гледа дека не ги искажува своите ставови, туку чита нешто кое што му било дадено за да се појави пред јавноста, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски оцени дека во земјава не смеат да се случуваат такви работи во политиката, бидејќи само зборуваат за несериозноста на државата на патот кон ЕУ. - Ова не се вредностите кои треба да ја красат Република Македонија и не се вредностите врз кои треба да се темели идната на државата, истакна Мицкоски. Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ со сите опозициски политички партии го делегитимирала Зоран Заев и го спремила за политичка пензија. Мицкоски обвини дека 59-те пратеници кои се дел од владината коалиција и кои дента не биле присутни на седницата, биле спречени во тоа од лидерите на нивните партии, бидејќи немаат доверба во нив и мислат дека некој од нив сепак ќе гласал за недоверба на Владата. Тој смета дека во моментов е логично да се одржат предвремени парламентарни избори, бидејќи како што рече ВМРО-ДПМНЕ освои над 42 општини во државата, вклучувајќи го и Градот Скопје, што е неспорен успех. - Правдата еднаш ќе мора да заживее во државата, а со тоа и да се вратат вистинските принципи и вредности по кои ќе функционира општеството. Владата која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира ќе работи исклучиво на подобрување на економијата, здравството и се она што оваа моментална расипничка власт го клекна на колена, додаде Мицкоски. Мицкоски посочи дека некои луѓе сметале оти пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат во Собрание и оти нема да бидат дел од расправата за Буџетот за 2022 години, но оти тие сепак поднеле 220 амандмани. - Ние ќе бидеме трпеливи и мудри. Нема да дозволиме пензионерите да останат без пензии, јавната администрација без плати, земјоделците без субвенции, рече Мицкоски. см/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан