• недела, 01 септември 2024

Мицкоски од Тиквешки гроздобер: Посакувам ваквите настани да траат многу години, одлична организација од страна на општината

Мицкоски од Тиквешки гроздобер: Посакувам ваквите настани да траат многу години, одлична организација од страна на општината
Кавадарци, 11 септември 2022 (МИА) -  Посакувам ваквите настани да траат многу години, одлична организација од страна на општината, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Кавадарци.
-Најпрвин сакам да изразам задоволство за овој преубав настан организиран во Кавадарци, поради причината која што сите сме овде собрани, а тоа е Тиквшекиот гроздобер и карневалот кој што еве како што може да слушнам од претставниците на светската организација после подолго време повторно се одржува, после две години пауза поради короната, нели, повторно се одржува и јас посакувам  и тој да биде успешен, нека се забавуваат гостите, рече Мицкоски.
Тој им честиташе на тиквешани за една ваква убава манифестација.
-Знам дека изминативе денови луѓето се забавуваа, десетици илјади наши сограѓани но и останати гости од соседството кое што се придружија на овој преубав настан  се забавуваа. Мислам дека беше прекрасно, очекувам и денеска да биде така и да посакам уште многу многу вакви успешни настани кои што ги организира општина Кавадарци и градоначалникот тука и нормално уште многу години повторно да се среќаваме и да си го честитаме овој  ден, нагласи тој. свд/дма/

Остани поврзан