• среда, 20 ноември 2024

Мицкоски од струмичко Ново Село: Да излеземе масовно на 17 октомври и да гласаме

Мицкоски од струмичко Ново Село: Да излеземе масовно на 17 октомври и да гласаме
Струмица, 10 октомври 2021 (МИА) - Власта се плаши од пораз и знае дека овај пат и покрај сите притисоци, закани, уцени, поткуп од украдените пари изминатите 52 месеци ќе загуби. И сосема свесно работи да има помала излезност на овие избори, што помалку луѓе да излезат да гласат. Затоа, ја користам оваа прилика да се обратам до вас, жителите на Општина Ново Село, но и до сите граѓани во Македонија, да знаат дека власта намерно ќе продолжи да шири лаги дека сите се исти. Се со една цел за да завладее апатијата и граѓаните да се помират и да не излезат на овир избори, да не гласаат, а така всушност му помагаат индиректно на Зоран Заев да остане и да продолжи да ја распродава Македонија и да ја краде. Одговорот на тоа е само масовна излезност уште рано наутро масовно да излеземе во Ново Село, повика вечерва Христијан Мицкоски од митингот на ВМРО ДПНЕ и коалицијата во струмичко Ново Село. Според него, состојбата во сите сфери на економијата е катастрофална, а од политиките на власта најмногу биле погодени земјоделците, чие производство не се откупува, како што било со оризовата арпа, грозјето, јаболката и други земјоделски производи -Затоа следната влада на ВМРО ДПМНЕ веднаш по победата на локалните избори ќе издвои точно 5 проценти субвенции за земјоделците, повеќе од 200 милиони евра годишно, рече Мицкоски. Лидерот на најголемата опозицска партија додаде дека во говорите на Заев нема да слушнат дека цената на брашното, зејтинот, млекото споредена со лани е драматично зголемена. -И ништо нема да слушнете за од оние ветени 500 евра просечна плата и кога ќе дојдат тие 500 евра, тогаш сигурно трошокот на едно семејство ќе биде најмалку два пати поголем, околу 1.000 евра. Но, затоа пак ќе слушнете лаги, ќе слушнете исти ветувања кои буквално 52 месеци ни ги кажуваат и притоа потрошија 16 милијарди евра, смета Мицкоски. Тој во своето обраќање на митингот во Ново Село повтори дека сето тоа што е ветено во програмата за локалните избори гарантираат дека ќе се рализира и дека такви бил програмите на сите кандидати за градоначалници, а ВМРО ДПМНЕ пред граѓаните нуди точно 14.835 проекти. На вечерашниот митинг во Ново Село беа претставени кандидатот за градоначалник Ѓорге Божинов и кандидатите за советници. Божинов во своето обраќање подвлече дека акцент става на основните потреби на граѓаните и, како што рече, Ново Село ќе биде општина без кал. Најави и изградба на водоводи, филтер станици, акумулациски базени за чиста вода за пиење, асфалтирани улици, а негова прва задача е планините Беласица и Огражден да бидат исчистени од дивите депонии и потоа поттикнување на напреден рурален туризам. рт/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан