• четврток, 26 декември 2024

Мицкоски од Струмица: Добро е што изборите наредната година ќе се одржат заедно

Мицкоски од Струмица: Добро е што изборите наредната година ќе се одржат заедно

Струмица, 17 ноември 2023 (МИА) - Има напредок околу датумот за изборите за наредната година и добро е што изборите ќе бидат заедно, имајќи ја предвид финансиската состојба во земјава. На Ковачевски му требаше да биде охрабрен од Али, Буjар, од Арбен за конечно да ја сфати реалноста. Ја поздравувам таа одлука на коалиционите партнери во Владата и претпоставувам дека деновиве бргу ќе биде и датумот, изјави денеска лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Струмица.

Тој додаде дека неговата партија дала еден предлог за датум, доколку би биле редовни, а тоа е 8 мај, вториот круг од претседателските заедно со парламентарните, а на 24 април првиот круг на претседателските избори.

- Доколку пак изборите бидат вонредни цениме дека 14 април со 31 март се добри датуми за одржување на претседателски и парламентарни избори, посочи Мицкоски. рт/цр

Фото: принт скрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан