• четврток, 26 декември 2024

Мицкоски од Вашингтон: За кратко време нова инвестиција Вабтек инвестира 35 милиони евра и отвора над 100 работни места

Мицкоски од Вашингтон: За кратко време нова инвестиција Вабтек инвестира 35 милиони евра и отвора над 100 работни места

Скопје, 9 јули 2024 

Со задоволство да кажам дека за кратко време уште една нова инвестиција имаме кај нас. Компанијата Вабтек одлучи да го зголеми своето производно портфолио со уште една дополнителна инвестиција која што ќе биде во Технолошко индустриско развојната зона Скопје, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски од Вашингтон по средбата со Грег Сброко, извршен потпретседател на американската компанија Вабтек.

Премиерот Мицкоски истакна дека инвестицијата ќе биде 35 милиони евра и станува збор за нови повеќе од стотина работни места.

Тоа значи дека ќе имаме зголемен извоз, тоа значи дека ќе имаме позитивно влијание врз Бруто домашниот производ. Она што претставува главна обврска, фокус и посветеност на оваа влада е економијата и борбата против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата на овој начин сака да покаже дека практично ја менува климата во земјава, нешто коешто досега беше навистина збунувачки како за граѓаните, така и за домашните и странските инвеститори.

Компанијата Вабтек ќе го има мојот личен фокус, очекувам дека оваа инвестиција ќе биде многу скоро завршена и дека не само оваа инвестиција ќе можеме да додадеме уште некоја нова инвестиција којашто ќе дојде од компанијата Вабтек, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски на крај потенцираше дека Владата покажува дека државата се сака со дела и оваа инвестиција е добра вест за македонските граѓани и добра вест за македонската економија.

Извршниот потпретседател на Вабтек истакна дека со премиерот Мицкоски се разговарало не само за проширување на производството на Вабтек во земјава, туку и повеќе можности како на компанијата така и за Република Северна Македонија.

Инвестицијата ќе биде колку 35 милиони евра и околу 100 работни места која ќе биде во околината на Скопје, изјави Грег Сброко, извршен потпретседател на Сброко. 

Влада на РСМ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан