• недела, 17 ноември 2024

Мицкоски на средба со специјалниот претставник Сарацин и амбасадорката Холштајн

Мицкоски на средба со специјалниот претставник Сарацин и амбасадорката Холштајн
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската влада за земјите од Западен Балкан, и со амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн. На средбата, на која присуствуваа и  потпретседателот и секретарот за меѓународна соработка на партијата, Тимчо Муцунски  и Стефан Андоновски, се разговарало за актуелната политичка, економска и енергетска состојба, како и за евроинтеграцискиот процес на земјата во Европската Унија. - Од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека државата се соочува со економска и енергетска криза како резултат на неспособноста и незаинтересираноста од страна на власт, но и на немањето слух за прифаќање на предлог-мерките на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на лошата состојба во која се наоѓаат граѓаните и државата. Во однос на евроинтеграцискиот процес и започнување на преговорите со Европската Унија, Мицкоски го афирмираше ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека државата мора да започне преговори час поскоро. Но, поради високиот степен на криминал и корупција од страна на власта и немањето реформи, државата се уште не е дел од европското семејство, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Соговорниците се согласиле за унапредување и интензивирање на соработката, а  Мицкоски се заблагодарил за поддршката од Сојузна Република Германија. хс/дма/

Остани поврзан