• недела, 24 ноември 2024

Мицкоски на средба со претставникот на КАС Даниел Браун и пратеничката во ЕП Марион Власман

Мицкоски на средба со претставникот на КАС Даниел Браун и пратеничката во ЕП Марион Власман

Скопје, 13 јуни 2022 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски денеска остварија средба со Марион Валсман, пратеничка во Европскиот парламент и потпретседателка на Заедничкиот парламентарен комитет на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, и Даниел Браун, официјален претставник на КАС во државата.

Како што информира прес-службата на партијата, на средбата се дискутирало за потребата од отпочнување на преговорите на земјава со ЕУ. - На средбата беше потенцирана и одличната соработка која ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер, особено придонесот којшто Фондацијата го дала низ годините во бројните обуки и помош за партијата, но секако и поддршката и соработката која ВМРО-ДПМНЕ ја има со германската сестринска партија ЦДУ, се вели во соопштението. За време на средбата, Мицкоски посочил дека „потребни се предвремени парламентарни избори за побрз излез од кризата“. ки/нд/

Остани поврзан