• недела, 01 септември 2024

Мицкоски на средба со Лами: Соработката е неопходна за градење цврсти партнерски односи и економски напредок

Мицкоски на средба со Лами: Соработката е неопходна за градење цврсти партнерски односи и економски напредок

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Дејвид Лами.

- Денес на Самитот на европската политичка заедница во Лондон остварив средба и разговарав со Дејвид Лами, државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Разменивме мислења за актуелните политички теми во регионот и Европа и ја потврдивме потребата од поблиска и потесна соработка на земјите од Европа на полето на безбедносните и енергетските прашања, објави Мицкоски на Фејсбук.

Заклучивме, напиша Мицкоски, дека соработката е неопходна за градење цврсти партнерски односи и економски напредок.

- Се согласивме дека регионот и Обединетото кралство имаат заеднички интерес во областа на безбедноста и градењето на стабилни регионални односи во рамките на евроатланските процеси, се вели во објавата на премиерот Мицкоски.

Мицкоски, потпретседателот на Владата Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска следните денови ќе учествуваат на Самитот на европската политичка заедница.

Домаќин на самитот на Европската политичка заедница е британскиот премиер Кир Стармер, а ќе се одржува во историскиот амбиент на палатата Бленхајм во Оксфордшир, Англија. мд/ац/

Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски

Остани поврзан