• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски на средба со Кришто понудил помош по невремето што ја погоди Босна и Херцеговина

Мицкоски на средба со Кришто понудил помош по невремето што ја погоди Босна и Херцеговина

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска учествува на самитот „Украина - Југоисточна Европа“ во Дубровник, имал средба со Борјана Кришто, претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Мицкоски на својот фејсбук-профил соопшти дека на средбата изразил искрено сочувство во име на македонската Влада за жртвите и настраданите од невремето во БиХ.

-Понудив помош и отворена понуда за работите за кои може Македонија да помогне низ европскиот механизам за помош при непогоди. Солидарноста е важна работа!, напиша Мицкоски на Фејсбук. хс/са/

Фото: ФБ Христијан Мицкоски 

 

Остани поврзан