• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски го информирал Вадефул дека се злоупотребува европското знаменце за носење законски решенија

Мицкоски го информирал Вадефул дека се злоупотребува европското знаменце за носење законски решенија

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Јохан Вадефул, заменик шеф на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана.

На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба.

Мицкоски го информирал Вадефул дека парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ ги крши собраниските процедури и го злоупотребува европското знаменце за носење законски регулативи кои се во нивен интерес, а не во интерес на граѓаните. 

Во однос на економската состојба, Мицкоски потенцирал дека македонската економија е во колапс, а актуелната Влада, како што се вели, наместо да е насочена кон решавање на ова прашање, е насочена кон криминал и корупција. 

Мицкоски го информирал Вадефул дека се потреби итни реформи и промени кои ќе значат целосен ресет на нефункционалниот систем.

Мицкоски и Вадефул се согласиле соработката треба да продолжат во иднина. дма/бак/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан