• недела, 24 ноември 2024

Мицкоски: На Македонија и е потребна поголема и побрза испорака на вакцини од КОВАКС механизмот

Мицкоски: На Македонија и е потребна поголема и побрза испорака на вакцини од КОВАКС механизмот

Скопје, 1 април 2021 

Денес (01.04.2021) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија средба со Росана Дуџак, резидентен координатор на Обединети нации во Република Македонија.

На средбата стана збор и за актуелните предизвици на земјава на патот кон Европската Унија, како и економската и здравствена криза.

На средбата Мицкоски ја нагласи потребата од зголемена проактивна улога на Македонија во мултилатералното дејствување.

Мицкоски и Дуџак се осврнаа на предизвиците поврзани со пандемијата КОВИД-19, при што Мицкоски истакна дека е крајно разочаран од слабата реализација на Владата во справувањето со корона кризата и обезбедувањето на навремен почеток на масовна вакцинација. Поради неспособноста на власта да обезбеди навреме вакцини против КОВИД-19, Македонија е последна не само во регионот туку пошироко со започнување на масовна имунизација.

Мицкоски исто така при средбата истакна на Македонија и е потребна поголема и побрза испорака на вакцини од КОВАКС механизмот.

Мицкоски и Дуџак разговараа и за состојбите поврзани со Охридското езеро. Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за нудење на конкретни решенија за очигледните проблеми, но за жал изостанува вистинска волја како кај локалната така и централната власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан