• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски на вечера во Белата куќа приредена од Бајден, од Вашингтон со порака фокусот да се стави на иднината, на добрососедството и соработката

Мицкоски на вечера во Белата куќа приредена од Бајден, од Вашингтон со порака фокусот да се стави на иднината, на добрососедството и соработката

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски која ја предводи владината делегација во Вашингтон на НАТО Самитот по повод 75 години од формирање на Алијансата, вчера присуствуваше на вечерата во Белата куќа организирана од американскиот претседател Џо Бајден за шефовите на држави и влади учесници на Самитот.

-Присуствував на вечерата во Белата куќа која ја организираше претседателот на САД, Џо Бајден за шефови на влади и држави по повод 75 годишнината од НАТО. Оваа можност ја искористив да лобирам за Македонија и да испратам порака дека регионот наместо со минато потребно е да се занимава и гради иднина. Потребен е нов пристап и политика на аргументи, напиша Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.

Мицкоски на социјалните мрежи објави дека на маргините на НАТО Самитот имал динамичен ден со многу средби при што разговарал со црногорскиот премиер, хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, Милојко Спајиќ, Зоран Милановиќ и Виктор Орбан, а ги издвои и состаноците и средбите со италијанската премиерка Џорџа Мелони, со шпанскиот премиер Педро Санчез, како и со соседите, бугарскиот и албанскиот премиер, Димитар Главчев и Еди Рама. Во разговорите втората порака која ја испратил е дека помина времето на корумпирани политичари кои што доаѓаат од земјава и дека мораме да зборуваме како вистински партнери, како соседи, бидејќи партнерството и добрососедството е двонасочна улица. 

На средбата со Главчев било констатирано дека треба да се релаксираат односите, при што, како што наведува во објавата на Фејсбук, Мицкоски посочил дека треба да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка.

-Темите од минатото и отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи и дека треба да се направат напори и чекори кои ќе влеат доверба меѓу државите како во периодот пред ветото и отпочнувањето на политиката на опструкции, наведува Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објабви дека на маргините на официјалната фотосесија на лидерите на влади и шефови на држави на НАТО самитот во Вашингтон остварил кус разговор со прем

За разговорот со Мицоски се огласи и Главчев, кој посочи станало збор за потребата од нормализација на меѓусебните односи и за нивно враќање на нивото од 2017 година кога беше потпишан Договорот за добрососедство.

Според него, кога соработката ќе биде на задоволително ниво треба да почне да се развива и поврзувањето во сите аспекти, како во транспортот, економијата...

- Но, треба да се исполнат и обврските кои што се преземени. Тука не говорам само за Северна Македонија, туку и за сите земји од Западниот Балкан. Гледате дека не ги делиме. Нашата позиција е и европската позиција дека сите држави кандидати за членство во ЕУ треба да ги исполнат барањата што им се поставени, додаде Главчев.

Во фокусот на средбата со Рама бил на развојот на регионот и градењето добри односи низ рамноправен дијалог.

-Остварив средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Регионот може да се развива само доколку забрзано се работи за иднината и просперитетот на сите граѓани. Да се фокусираме околу точките кои не обединуваат и се основа за развој и градење на добри односи. Време е да се отпочне ново време на рамноправен дијалог и искрени пријателства, порачал Мицкоски.

Во видео обраќањето од Вашингтон Мицкоски вели дека долго време регионот и Македонија како држава биле заложници на минатото.

-Потребно е да се фокусираме на иднината и она кое што следи со иднината. Да ја направиме Македонија повторно горда, но и да го направиме Балканот повторно горд. Да бидеме добри соседи, да се разбираме и да соработуваме. Тоа е она кое што го очекуваат граѓаните од нас, и тоа е она на кое што јас како претседател на Владата ќе бидам фокусиран во годините кои што следат, изјави Мицкоски.

Тој информираше дека македонската делегација поминала еден навистина динамичен ден, исполнет со многу состаноци и средби кои што ги имале на маргините на НАТО Самитот.

Меѓу другото, како што рече, пораката која што ја испратил е дека „помина времето на свиткани кичми, на корумпирани политичари и политичари кои што се подготвени од името да ја заштитат својата корупција и криминал и да направат буквално се“. 

-Втората порака која што ја испратив е дека помина времето на свиткани кичми, помина времето на корумпирани политичари кои што доаѓаат од Македонија и политичари кои што се подготвени од името да ја заштитат својата корупција и криминал и да направат буквално се. Да потпишат се, да го прифатат секое понижување кое ќе им биде понудено на маса само да го заштитат својот криминал. Тоа време е веќе историја и минато. Мораме да зборуваме како вистински партнери, да зборуваме како соседи, бидејќи партнерството и добрососедството е двонасочна улица и ние сакаме тоа да го негуваме и само така да го гледаме, додаде Мицкоски.

Потенцираше дека ќе дадат се од себе да го повратат загубеното достоинство.

-Уште еднаш би сакал да ви посакам едно големо Македонијо ве сакаме и бидете горди бидејќи навистина даваме се од себе да го повратиме она изгубено достоинство кое што изминатите седум години, за жал го немавме, не се само овде во Вашингтон, туку насекаде во светот бидејќи не претставуваа политичари, кои за среќа на граѓаните се сега веќе минато. вг/ац/

Фото: Христијан Мицкоски фб.

Остани поврзан