• четврток, 26 декември 2024

Мицкоски: Најголем број од проектите во општина Бутел се завршени или се во тек на реализација

Мицкоски: Најголем број од проектите во општина Бутел се завршени или се во тек на реализација

4 април 2023 

Почитувани,Денеска сме овде во Бутел, заедно со градоначалникот Дарко, заедно со луѓето кои што се дел од  општинската администрација, со советниците кои што навистина прават нешто, што до сега не се случувало овде во Бутел, односно реализација на голем број проекти кои што му даваат еден нов лик на Бутел.Посетивме неколку локации, најголемиот дел од проектите кои што се работат и кои што во периодот кој што следи ќе бидат сработени ги кажа Дарко.Навистина претставува импозантно, јас им честитам и ги охрабрувам  и им посакувам нормално уште многу вакви проекти, бидејќи мораме да покажеме дека не се сите исти. Мораме да ја вратиме надежта кај граѓаните, мора да поверуваат граѓаните дека не се сите исти како што е оваа влада на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер на СДСМ, туку дека има политичари и луѓе кои што си го сакаат народот, си ги сакаат граѓаните и си ја сакаат државата, си ја сакаат Македонија и кои што се ќе направат да го направат тоа што го ветиле.Исклучително сум задоволен и тоа што можам да го констатирам од терен и да заклучам дека Дарко заедно со администрацијата, со советниците тоа што го ветуваше во кампањата на локалните избори во 2021 година во најголема мера го има веќе и завршено, а  во најголема мера ќе биде завршено оваа година, би рекол целокупната програма со исклучок можеби на оние големи капитални проекти кои што очекуваме следната влада на ВМРО-ДПМНЕ да помогне, ќе бидат реализирани до крајот на мандатот, а некои работи кои што не беа ветувани ќе бидат исто така реализирани.Мојата порака до владата на ДУИ поддржана од СДСМ е да општинските обврзниците кои што ќе дојдат на дневен ред кои што ги поминуваат сите законски процедури да ги поддржат за да може да се обезбедат дополнителни средства повеќе кои што понатаму ќе бидат искористени за реализација на нови проекти за граѓаните. Не се тоа средства кои што преку сомнителни набавки во четири очи како што тоа го прави владата на ДУИ, поддржана од СДСМ ќе завршуваат во џебовите на политичките криминалци. Тоа се средства кои што се потребни за граѓаните за да можат да се обезбедат потребни услови за живот.Затоа, апелирам до владата на ДУИ поддржана од СДСМ, немојте да го казнувате народот затоа што во Бутел нема градоначалник од ДУИ или од СДСМ. Напротив, помогнете, покажете дека кога е најтешко и покажете дека сепак и ние политичарите знаеме да бидеме над ситуацијата и да помогнеме, бидејќи тоа е формалност. Не е нешто кое што ќе значи многу.

Уште еднаш ќе ми дозволите на крај да му честитам на Даре и на луѓето кои што се тука со нас и да им посакам уште многу вакви проекти во општина Бутел.

Почитувани медиуми, почитувани присутни,  денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сме во Бутел на увид во неколку градежни активности. Моментално се наоѓаме на комплексот спортско-рекреативниот центар кој што ќе го носи името „Го сакам Бутел“.

Во изминатиот период веќе изградивме неколку вакви спортско-рекреативни центри и по поддршката на граѓаните за тоа што го правиме продолживме интензивно да градиме. Ова е веќе  во некоја си средна фаза, би рекол и во завршна фаза, како и на останатите места ќе има фудбалско, кошаркарско игралиште, игралиште за најмладите, за децата и еден убав парковски потег каде што ќе може да се рекреираат и повозрасните жители.

За неколку дена од сега ќе почнеме со градба на уште вакви два спортско-рекреативни центри во населеното место Љуботенски пат и во населеното место Бутел 1 познато како ударници.

Веќе започнавме и еден убав квалитетен проект, конечно општина Бутел  ќе добие и нов плоштад, кој што ќе се протега од  2.500 метри квадратни, веднаш позади општинската зграда, проектот е готов, за неколку дена тендерираме, веќе   место се зачистува и конечно бутелчани ќе добијат  еден простор каде што ќе можат да одржуваат и културни манифестации, во тек на пролетниот и летниот период.

Од почетокот на оваа година до сега реализиравме, асфалтиравме 15 улици, некаде до почетокот на есента ќе асфалтираме уште 15 улица, тоа би биле 30  и се надевам дека до крајот на годината  ќе бидат можеби и 50-тина улица, што ни одблиску не се случило  во минатото на територија на општина Бутел.

Исто така би сакал да истакнам почеток на реализација на еден од  носечките проекти што беа во предизборна кампања моја, а тоа е уредување, целосно уредување и изградба на ново корито на реката Серава во потегот на село Радишани во должина на 1.500,  поточно 1.400 километри  и изградба на нова трим патека, конечно општина Бутел да добие едно вистинско место за рекреирање. Проект во вредност од 35 милиони денари кој што општината ќе најде сила да го реализира. Веќе како што напоменав документација е во завршна фаза, проект има. Во текот на вчерашниот ден дојде и измена на проект, требаше да го измениме и за многу скоро ќе го тендерираме.

Продолжуваме да го менуваме ликот на територија на општина Бутел интензивно и најголем мотив за тоа ни е поддршката секојдневно од страна на граѓаните и поздравување на сите проекти кои што се реализираат со голема динамика.

 
Со почит,
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ
 
 

Остани поврзан