• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски најави формирање посебно тело кое ќе утврдува како се трошела КОВИД-поддршката за компаниите

Мицкоски најави формирање посебно тело кое ќе утврдува како се трошела КОВИД-поддршката за компаниите

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе формира посебно тело кое ќе треба да утврди како се трошела КОВИД-поддршката за компаниите.

Како што изјави денеска, одговорајќи на новинарски прашања, телото ќе се формира на некоја од претстојните владини седници.

- Во периодот што следи, на владина седница ќе формираме такво тело кое во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно се она што го имаме на располагање. И не само таму, и во Фондот познат како ФИТР и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста. Јавноста треба да знае каде се трошени народните пари, истакна Мицкоски по состанокот со претседателството на Стопанската комора на северозападна Македонија. мч/бак/

Фото/видео: МИА

 

 

 

Остани поврзан