• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски најави ад-хок тело кое ќе испитува како се поделени 100-те милиони евра поддршка на компаниите во КОВИД кризата

Мицкоски најави ад-хок тело кое ќе испитува како се поделени 100-те милиони евра поддршка на компаниите во КОВИД кризата

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на следната владина седница, во среда, ќе се формира ад-хок тело кое ќе испитува „како претходната влада поделила 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компаниите во време на КОВИД кризата“.

-Знаете ли колку пари се потрошени по основа „поддршка на компаниите“, онаа владина помош? Знаете ли колку пари се потрошени, зборувам за онаа инвестиција жестоко најавувана поддршка на македонското стопанство, закон се носеше, 100 милиони евра се потрошени. Но, дали некој знае за што се овие пари потрошени, бидејќи во законот секој може да конкурира, дури вели во законот „и оние правни лица што не ги исполнуваат условите согласно овој закон“. Дали некој знае и направил проверка зошто овие 100 милиони евра се потрошени?, рече Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски не открива дали може да се очекуваат инвестиции од корпорацијата „Трамп“, но добредојдена е, вели, секоја соработка што е во интерес на државата, а особено онаа з

Според него, согласно законот и правилникот, требало да се формира тело кое ќе следи како и на што се трошеле овие средства.

-Сега ќе формираме ад-хок тело на оваа седница во среда што ќе ја имаме, а согласно законот стои обврска да се формира тело кое што ќе следи како се трошат парите и за што се трошат. Но, никој не го формирал тоа тело, ниту пак го создал правилникот којшто согласно законот морале да го создадат, истакна Мицкоски. мч/нд/

фото: МИА архива и принт скрин

Остани поврзан