• среда, 18 декември 2024

Мицкоски: Мицкоски: Ова е најлош извештај на ЕК, ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како да ја однесе Македонија на врвот на Европа

Мицкоски: Мицкоски: Ова е најлош извештај на ЕК, ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како да ја однесе Македонија на врвот на Европа

16 ноември 2023 

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред отворањето на Генералното Собрание на подмладокот на Европската Народна Партија – „Обединувајќи ја иднината, новата генерација и Западниот Балкан“, во хотел „Панорамика“ – Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на ЕК кој што денес се најде пред пратениците во собранието истакна дека овој е нај лош извештај и претставува уназадување на Македонија, а работата на оваа влада остава трајни последици за кои ќе треба време да се исправат но ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како да ја однесе Македонија на врвот во Европа.

„Па видете условно кажано како што себеси се нарекува нај проевропска влада добија најлош извештај, извештајот кој што требаше да биде извештај за напредокот на Македонија практично претставува извештај за уназадување на Македонија. За жал оваа влада со својата работа остава трајни последици за кои што ќе треба време да се исправат,  но ние сме оптимисти имаме план знаеме како и за неколку месеци од денеска почнуваме да ја враќаме Македонија онаму каде што и е местото во врвот на Европа“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски: Последниот избор на судии во Апелација се грчевити обиди на власта да постави уште по некој партизиран судија или обвинител за да обезбеди амнестија

-   Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на отворањето на Генералното собрание на подмладокот на Европската Народна Партија (ЕПП) во Скопје, беше запрашан за коментар за новиот избор на судии во Апелацискиот суд, поради што може да се дојде до застарување на судски предмети.

Мицкоски истакна дека тоа се последни грчевити обиди на власта да се постават уште некој партизиран судија и обвинител, мислејќи дека на тој начин ќе си обезбедат амнестија и неказнивост за криминалот кој што до сега го направиле.

„Тоа е октроирано обвинителство и судство. Oва се последни грчевити обиди да се постават уште по некој партизиран обвинител и судија мислејќи дека заедно со измените во Кривичниот законик ќе обезбедат амнестија и политичка неказнивост за сиот криминал и злодела што ги направија овие шест години. Но залудно е сето тоа, залудни се овие обиди на оваа власт во заминување, бидејќи следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, владеењето на правото, исто така, го става како еден од главните, ако не и најглавен врвен приоритет во работењето“, рече Мицкоски.

Мицкоски: Европската Народна Партија со овој настан покажува почит кон ВМРО-ДПМНЕ, ние остануваме партнери на младите и многу ќе вложуваме во нив

Добровечер и од мене, за мене претставува посебна чест, но и одговорност како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да бидеме домаќини на еден ваков настан. Бидејќи ова претставува израз на почитување кон она што го прави ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската Народна Партија, но исто така и што го прави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на младината на Европската Народна Партија.

И цениме дека на ваков начин само додаваме вредност за Македонија и тоа од позиција на опозиција. Организирањето на ваков репрезентативен настан подразбира и начин на кој што се промовира нашата држава, нашата татковина.

Јас сум тука да ги поздравам учесниците на овој настан, да дадам недвосмислена поддршка како ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци од денеска ќе ја формира следната Влада во Македонија. Сакам да кажам дека посебен фокус на политиките на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите. И ВМРО-ДПМНЕ многу вложува во политиките на младите бидејќи младите се иднината на која што се темели нашата држава, нашата Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ била партнер, е партнер и ќе остане партнер на младите.

Така што уште еднашка посакувам успешен настан, посакувам многу дружење и посакувам да има многу корисни и плодни дебати. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото:ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан