• четврток, 19 декември 2024

Мицкоски: Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот

Мицкоски: Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот
Скопје, 7 октомври 2022 Македонските граѓани плаќаат најскапа струја споредено со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најевтина струја во Европа. Имено, според EUROSTAT, цената на струја која македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5€/MWh. Според истиот EUROSTAT во првото полугодие од 2022 година, граѓаните во регионот плаќаат многу поефтина струја (слика 1) споредено со македонските граѓани: Србија 58,9 €/MWh БиХ 73,3 €/MWh Турција 74,8 €/MWh Косово 55,5 €/MWh Црна Гора 79,2 €/MWh Ветуваа живот, ефтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн…, а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа цена на струја по 69,5 €/MWh (слика 2) или за 22,5% помалку од цената на струјата која ја плаќале во првото полугодие од 2022 година. Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана картели, корупција и криминал, економија во распад, понижувања и предавства за пусти пари. Одговорност ќе има… доаѓа денот! Фејсбук статус на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан