• среда, 25 декември 2024

Мицкоски: Македонската агенда за ВМРО - ДПМНЕ е и ќе остане дел од вистинските европски вредности

Мицкоски: Македонската агенда за ВМРО - ДПМНЕ е и ќе остане дел од вистинските европски вредности

Вевчани, 28 јули 2023 (МИА) - Македонската агенда за ВМРО - ДПМНЕ е борбата против се она што актуелната Влада го промовира, е и ќе остане дел од вистинските европски вредности кои треба сите ние да ги прифатиме. Тоа го истакна лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што за него значи македонската агенда, по заклучокот на премиерот Димитар Ковачевски дека македонската и европската агенда за нив се различни.

- Да точно. Тука е во право Димитар Ковачевски кога вели дека европската агенда, според коалицијата ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ, е сосема различна од македонската, која е дел од вистинската европска агенда, изјави Мицкоски.

Тој подвлече дека никогаш немало да бидам дел од она агенда, која, како што рече, во своето множество опфаќала милиониски имоти на млади господа во центарот на главниот град, без да има јасно потекло како го стекнале тој имот.

- Нема никогаш да бидам од онаа агенда, која тие ја нарекуваат европска, каде што се местат тендери во четири очи, се крадат граѓаните, каде што здравството е катастрофално, а пациентите умираат во ходниците, учениците книгите ги добиваат на крајот од учлебната година наместо на почетокот.... Јас дел од таква европска агенда како што промовира Владата на ДУИ и СДСМ нема да бидам, бидејќи за мене тоа е крими агенда, не европска, додаде Мицкоски. сс/дма/

 

Остани поврзан