• среда, 25 декември 2024

Мицкоски: Македонија се соочува со огромна здравствена и национална криза

Мицкоски: Македонија се соочува со огромна здравствена и национална криза
Скопје, 11 октомври 2020 Македонија се соочува со огромна здравствена и би рекол национална катастрофа. Само денес 383 новозаразени, додека 7 животи згаснаа поради Ковид, тоа се 7 семејства кои изгубија свој близок, 7 места помалку на трпезите во 7 семејства. Тоа се личности со име и презиме, а не само бројка. Денес секој 4ти кој се тестирал за Ковид е позитивен. Што направи Владата? Владата дава пари од 270 илјади евра за берберница и пари за обука на магариња и коњи. Неспособноста на Владата чини животи. И една порака до челниците на Владата кои делуваат како мафија: украдовте избори, делевте картички, парите на народот ги трошевте додека сите нѐ задолжувавте, брутално крадете, нема гадост која не ја направивте и работа за која не излажавте, сето тоа не придонесе да се решат проблемите, вие тие проблеми ги создавате. Имате две опции, или системот мора да профункционира за да се спасат животи или оставки веднаш. Животите се прескапи за мафијата толку евтино да си игра со нив. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан