Мицкоски: Културата е наш приоритет, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари
- Премиерот Христијан Мицкоски вели дека културата останува еден од врвните приоритети на Владата и нагласи дека за годинава буџетот е зголемен за половина милијарда денари.
Скопје, 4 февруари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вели дека културата останува еден од врвните приоритети на Владата и нагласи дека за годинава буџетот е зголемен за половина милијарда денари.
-Оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е отприлика негде околу 25 милиони евра, средства којшто ќе бидат распределени во културата, рече во одговор на новинарско прашање за тоа дали се планира поддршка за проекти од национален интерес во културата. сст/дма/
Фото МИА архива