• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски: Извештајот на ЕК покажа дека власта не е фокусирана на европската агенда, туку нејзиниот фокус е само на лажење и крадење

Мицкоски: Извештајот на ЕК покажа дека власта не е фокусирана на европската агенда, туку нејзиниот фокус е само на лажење и крадење

Скопје, 16 октомври 2022  

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од настанот за промовирање на весникот на УМС „Мегафон“, запрашан од новинарите за коментар за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, посочи дека со извештајот излегоа на површина лагите на власта дека се фокусирани на европската агенда.

Мицкоски додаде дека наместо на реформи, претставиците на власта се фокусирани на лажење и крадење и на потпишување на предавнички договори, по што се гледа дека во 35 поглавја не само што нема напредок, туку нотирано е назадување.

„Овој извештај е класичен пример на сите лаги на власта дека се фокусирани на европската агенда. Тие се фокусирани само на лажење и крадење и потпишување на предавнички договори. И претпоставувам во нивната матрица тоа претставува напредок кон Европската Унија. За разлика од вистината содржана во извештајот каде што повеќе од 35 поглавја констатирани се назадувања и тоа навистина е поразително за Македонија, за владата, за сите нас“, истакна Мицкоски.

Мицкоски изрази надеж дека набргу оваа влада ќе биде минато и дека на чело на Македонија ќе дојде нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги води онака како што треба патот до членство во ЕУ.

„И се надевам дека набргу оваа Влада ќе биде веќе минато и ќе дојде нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која што ќе биде по амбициозна и навистина ќе го изоди како што треба патот кон полноправно членство во рамките на Европската Унија“, рече Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан